2017 Honda Accord Hybrid

Honda наскоро на пазарот ќе ја лансира новата 2017 Honda Accord Hybrid, со подобрени перформанси и километража. За разлика од порано, нема да постои Plug-in варијанта, бидејќи Honda во иднина планира да понуди комплетно електричен plug-in модел Honda Clarity.



Новиот Аccord ќе користи хибриден систем со 2 мотори, кој ќе се состои од 2.0 литарски 4-цилиндричен мотор насочен директно кон мотор-генераторот (А), а преку компјутерски контролирана спојка до предниот диференцијал. Вториот мотор-генератор (Б) е насочен директно кон диференцијалот. Преку откачување на спојката, бензинскиот мотор се гаси и додека тој „одмара“, автомобилот се движи само со помош на моторот Б. Кога батеријата ќе се потроши, моторот А повторно го пали бензинскиот мотор кој потоа генерира електрицитет за моторот Б.



При поголеми брзини и за време на крстарење, бензинскиот мотор и моторот Б ги движат тркалата, додека моторот A продолжува да генерира електрицитет за Б. Ќе постои и уште еден мод, а тоа е кога ќе работи и бензинскиот мотор и двата електрични генератори, и ќе функционира само доколку батеријата на генераторите е доволно полна.

Иако од Honda сè уште ги немаат објавено деталните технички карактеристики, се знае дека 2017 Accord Hybrid ќе има литиум-јонски батерии и вкупна моќност од 212 коњски сили ( 16 повеќе отколку стариот модел). Подобрена е и километражата бидејќи новиот модел ќе троши 20.8km/l при градско возење, 19km/l на автопат, и 20.4km/l комбинирано.



Моментално во оваа класа водач е Toyota Prius, кој покрај помалата цена (меѓу другото, благодарејќи на поевтините за изработка Nickel-Metal хибридни батерии на Toyota), има и малку поголема километража.

Основниот модел на 2017 Honda Accord Hybrid се очекува да има стартна цена од околу 26 600 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...