Volkswagen T-Prime концепт

Volkswagen на Beijing Motor Show го претстави plug-in hybrid концептот T-Prime, на кој ќе се заснова следната генерација на VW Touareg, нивниот flagship SUV.



Прикажаниот концепт е значително поголем од постојниот Touareg, кој е на пазарот од 2011-та и чиј што наследник (кој треба да се појави во 2018-та) ќе биде „поголем брат“ на моделот Tiguan. T-Prime е поширок од сегашниот модел, но каросеријата е поставена пониско со цел да има поагресивен став. Моделот претставен на саемот има само две задни седишта, но голема е веројатноста дека продукцискиот модел ќе нуди и опција со три.

T-Prime ја има вградено најновата верзија на plug-in hybrid технологијата на VW. Претходните GTE модели како Golf и Passat имаат електричен мотор во комбинација со 1.4 литарски бензински мотор, додека овој SUV концепт има 2.0 литарски turbocharged мотор од 250 коњски сили, во комбинација со електричен мотор од 136 коњски сили , што му дава комбинирана сила од над 380 коњски сили и 700Nm вртежен момент. Според компанијата, T-Prime може да помине до 50km кога е само во електричен мод, додека комбинираните CO2 емисии изнесуваат 63g/km.



Концептот има погон на сите четири тркала, а VW исто така објави дека саемскиот модел ја користи истата MLB технологија за изработка на шасијата како и најновиот A4 модел на Audi, и дека продукциската верзија на новиот Touareg ќе ги користи и неговите моќни четири и шест цилиндерски мотори.



Ентериерот на T-Prime се одликува со нов дизајн на командната табла кој е мешавина на Active Info Display-от кој го има Audi TT и оној од Тiguan, но со поголем централен екран. VW овој нов дисплеј го нарекуваат Curved Interaction Area (закривен интерактивен простор), а неговиот 15-инчен touchscreen може да се конфигурира да дава приоритет на различни апликации или сервиси, во зависност од желбите на возачот или сопатниците. Оваа конфигурација на командната табла официјално ќе биде претставена најрано во 2017-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...