Renault Koleos SUV

На овогодинешното Beijing Motor Show Renault го претстави нивниот SUV ривал на Kia Sorento, Land Rover Discovery Sport, Nissan X-Trail и Skoda Kodiaq, моделот Koleos кој на пазарот во варијанта со 5 седишта треба да се појави оваа година, со можна варијанта со 7 седишта која би се појавила подоцна.



Дизајнот на Renault Koleos е не само елегантен, туку модерен и динамичен. Стилски, од напред потсетува на новите модели на Renault со LED фарови во форма на буквата C кои се „слеваат“ во хромираната предна решетка, но затоа пак профилот му е уникатен – за што придонесува и подигнатоста од земјата повеќе од 21см. Во дизајнот на задниот дел, пак, се забележува влијание од моделот Megane.

Внатре, поскапите Koleos модели ќе го добијат истиот touchscreen во таблет стил како Megane и Scenic, како и кожни седишта и дигитални мерачи на командната табла. Поефтините модели ќе добијат помал дисплеј со pinch-to-zoom функционалност, како и Bluetooth и USB конективност. Некои модели ќе добијат и предни седишта со електронско контролирано греење и ладење, како и со персонализирано LED осветлување на ентериерот



Koleos ќе биде и исклучително практичен модел – багажникот ќе има зафатнина од 624 литри (скоро 40 литри поголем од оној на конкурентниот Hyundai Sante Fe), а Renault вели дека со спуштени задни седишта таа се зголемува на 1690 литри. Просторот за нозе помеѓу предните и задните седишта е 289mm и е еден од најдобрите во класата, а задните имаат и „вишок“ простор за главата, рамениците и лактите.



Под хаубата, Koleos голем дел од механичката изработка ја дели со Nissan X-Trail. На располагање ќе бидат модели со погон на сите четири тркала, додека моторите ќе бидат од линијата бензински и дизел на сегашните Renault и Nissan модели. Се очекува најпродаван да биде dCi 130 дизел моторот, споен или со 6-брзински мануелен менувач, или со X-Tronic автоматски. Подетални спецификации за моторите ќе бидат објавени подоцна.

Како и кај сите Renault возила, безбедноста ќе биде клучна – на располагање ќе бидат голем број на технологии како Active Emergency Braking (кочење во случај на опасност), Lane Departure Warning (предупредување при менување на ленти), Traffic Sign Recognition (препознавање на сообраќајни знаци), Tiredness Detection (детектирање на заморот на возачот), автоматско палење на високи/ниски светла, сензори за паркирање и камера на задниот дел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...