BMW X3 2017

BMW X3 беше водач на пазарот на SUV со средна големина кога се појави во 2003-та, но 13 години подоцна има огромна конкуренција од Audi, Mercedes, а сега и Porsche. Поради тоа компанијата планира комплетно да ја ремонтира третата генерација на овој модел кој треба да се појави на пазарот на средина од наредната година, а кој најверојатно ќе дебитира на Detroit Motor Show во јануари.



Развивањето на новиот BMW X3 се одвива веќе неколку години, но дури сега (преку шпијунски фотографии) моделот е забележан на тркачката трака во Nurburging, Германија, како се тестира пред да се финализира комплетно. Според фотографиите, пропорциите на новиот модел нема да бидат драматично променети, но се верува дека новото X3 ќе биде првиот модел на BMW кој ќе ја користи комплетно новата, лесна шасија за погон на задните тркала. Врз оваа платформа ќе бидат направени и моделите од новата 5 Series saloon која треба да се појави во 2017-та, како и за новата 3 Series во 2018-та.

Новата архитектура ќе значи и благо зголемување на должината на автомобилот, но и на подраматични промени од типот на намалување на тежината за 50 до 100кг, со што основниот модел би тежел околу 1700кг, додека најтешкиот модел (со plug-in hybrid технологијата, кој би се појавил 18 месеци по „обичниот“ X3) би бил над 2000кг.

Погонот на овој хибриден модел би можел да биде комплетно позајмен од сегашниот 330e saloon, а тој се состои од 2.0 литарски четири цилиндричен бензински мотор во комбинација со електричен мотор и вкупна силина од 252 коњски сили. BMW би можеле да ја зголемат излезната моќност на овој модел поради зголемената тежина, но се очекува CO2 емисиите да се околу 60g/km.



M дивизијата на BMW би можела да „замеша прсти“ во X3 со искористување на моторот од M3 – 3.0 литарски twin-turbo бензинец од 430 коњски сили, со што одредени верзии на новиот X3 би биле достојни ривали на Porsche Macan Turbo и новиот Audi RS Q5.

Во поглед на дизел моторите (кои ќе доминираат во продажбите), на располагање ќе бидат 3.0 литарскиот шест-цилиндричен од 265 коњски сили (превземен од новата 7 Series), кој ќе биде вграден во X3 30d, како и негова помоќна верзија за 35d. Моделот X3 20d кој се очекува да биде и најпродаван, ќе има нов 2.0 литарски четири цилиндричен мотор.

Основните sDrive модели со погон на задните тркала ќе имаат 6-брзински мануелен менувач и CO2 емисии под 130g/km, додека xDrive моделите со погон на сите четири тркала ќе имаат 8-брзински ZF автоматски менувач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...