2017 BMW i8

За првпат претставен во 2014-та, BMW i8 треба да ја добие првата подобрена верзија која на пазарот треба да се појави во последниот квартал од 2017-та, која, меѓу другото, се очекува да има помоќен електричен мотор во споредба со сегашната варијанта од 130 коњски сили. Во комбинација со 1.5 литарскиот три- цилиндричен турбо бензински мотор, хибридниот i8 би имал повеќе од 10% повеќе моќност отколку сегашниот модел, т.е вкупно околу 425 коњски сили.



Истовремено, BWM работи на продолжување на километражата на i8 со ревидирани батерии (кои би се вградувале и во новиот i3 кој треба да дебитира на Paris Motor Show во септември), меѓутоа нивниот капацитет се држи во тајност. Но, BWM веќе имаат потврдено дека батеријата од нивниот Formula E сигурносен автомобил ќе биде со зголемена моќност од 7.1kWh на 10kWh, што има големи изгледи да се вградува и во i8 моделот.

Двете i8 сигурносни возила на Formula E настаните веќе имаат модификации на шасијата, подобрена амортизација, се 15мм пониски отколку продукцискиот модел и имаат 20 инчни бандажи со профил 245/35 напред и 285/30 позади, што значи нешто слично може да се очекува и кај новата i8-ца.

Исто така се тестира и нов индуктивен систем за напојување кој се очекува да биде понуден како опција – тој користи резонантна магнетска индукција за пренос на енергија помеѓу земјена подлога конектирана со електричен систем со висока волтажа, и колекторот сместен на долниот дел од автомобилот.

Како можно подобрување се споменуваат и бандажите кои би биле направени од carbonfibre во комбинација со алуминиумски краци, кои би биле за 25% полесни од целосно алуминиумските бандажи кои се користат денес.

Лансирањето на новиот i8 најверојатно ќе биде проследено и со преставување на i8 roadster варијантата, која директорот на BWM веќе ја има потврдено како нареден модел од овој бренд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...