2018 Golf Mk8

Минатогодишниот скандал со лажирањето на дизел емисиите од страна VW Group беше голем удар врз нивната репутација и довербата на клиентите. Затоа, Volkswagen сега има план да заштедува 1 милијарда евра годишно, притоа посветувајќи се на електромобилноста и на новата генерација на „чисти“ дизел мотори.



Дел од тој план е и следната (8-ма) генерација на Golf, иако сегашниот модел треба да добие мал „фејслифт“ во текот на годинава. Golf Mk8 ќе биде базиран врз подобрениот модел од 7-мата генерација (ќе се држи до MQB платформата) , но ќе биде попрактичен, помоќен, и што е најважно, поекономичен.

Според сознанијата на Auto Express, новиот Golf ќе биде помеѓу 35kg и 70kg полесен отколку сегашниот модел, и како и новиот Tiguan, ќе биде понизок и поширок. Се очекува во просторот во внатрешноста да се зголеми, како и да бидат вметнати иновации како контрола со гестови и TFT командната табла од VW Passat.



Во поглед на дизајнот, Mk8 ќе го прати моделот на еволуција на претходните Golf-ови – ќе го има специфичниот препознатлив„Golf-овски“ дизајн, со паметни LED фарови и поостра и подефинирана предна решетка, а се очекува и редизајнирана задница. Во ентериерот се очекуваат подобрувања на материјалите од кои што ќе биде изработен, поточно зголемена употреба на метали, кожа и висококвалитетна пластика за која, на пример, ќе се користи специјален пигмент кој апсорбира помалку топлина, со што ќе се редуцира потребата за користење на клима.

Со овој модел, VW ќе претстави серија на супер-ефикасни 3-цилиндрични 1.5 литарски TDI дизел мотори, од 75 до 121 коњски сили, со емисија на CO2 помала од 85g/km. Моторите ќе бидат модуларни, така што со додавање на цилиндри од 500cc , VW ќе можат да развијат поголеми и помоќни мотори како 3.0 литарски V6 дизели, кои би се вградувале во моделите како идниот Touareg SUV.



На пазарот (во 2018) прво ќе се појави hatchback верзијата на Golf Mk8, а подоцна и караван и спортските GTI, GTD и R верзиите. Сè уште нема план за кабриолет модел, а доколку тој се појави тоа најверојатно нема да се случи пред 2020-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...