Контрола на автомобил со мисли

Автономните автомобили способни самите да се возат, како и оние кои тоа го прават без никакво присуство на шофер, се исклучително популарни периодов. Многу светски влади работат на изработување на релевантни прописи и ветуваат дека ќе го поддржуваат нивниот развој и ќе го охрабруваат нивното користење на патиштата.



Meѓутоа, кинeски инженери од Nankai University размислувале во друг правец, и развиле уред во облик на слушалки за глава кој се состои од 16 сензори кои ги читаат EEG (електроенцефалограм) сигналите од мозокот на возачот, кои тие информации ги испраќаат во специјално креираниот компјутерски софтвер со чија помош се контролира возилото. Така, само со помош на мисли, автомобилот може да се движи напред, назад, да запре, како и да се отклучат или заклучат вратите.

Според лидерот на овој проект , професорот Duan Feng, не е потребно константно фокусирање на мислите (повеќе од вообичаеното) за извршување на овие операции – јака концентрација ќе биде потребна кога ќе се изведуваат покомплицирани акции како менување на ленти или вртење. Ова негово тврдење доаѓа како одговор на сомневањата дека ваков начин на контролирање на возилата би ги направил патиштата по опасни, поради присуството на расеани возачи и големиот број на реклами покрај патот кои го одземаат вниманието.

Првенствената инспирација за овој уред била желбата да им се помогне на оние кои се физички оневозможени да управуваат со возило (поради неможност за користење на рацете/нозете), а дури потоа да се создаде нов, „интелектуализиран“ начин за возење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...