2018 Peugeot 208

Peugeot ќе ја прикаже идната технологија развиена за помалечките автомобили во наредната генерација на нивниот модел 208 supermini кој (со сосема нова шасија и подобрени мотори) треба да дебитира во 2018-та.



Постоечкиот 208 имаше добиено „фејслифт“ во 2015-та, но во 2017-та се очекуваат нови верзии на конкурентните Citroen C3, Volkswagen Polo и Ford Fiesta, што е причината наредната 208-ца на Peugeot да има далеку пософистициран стил од сегашната.

Како што се гледа на сликите, новата генерација на 208 ќе ги замени заоблените линии со поправи и по остри, со стил близок до оној на „поголемиот брат“, моделот 308 (иако должината на 208 ќе остане на 4 метри), а ќе доаѓа во варијанта со 3 и 5 врати.

Меѓуоскиното растојание ќе биде поголемо, што ќе допринесе за поголем простор за главите и нозете. Зголемувањето на ова растојание се должи на новата платформа (наречена EMP1) врз која ќе биде изградена сосема новата шасија, а која е развиена заеднички со Dongfeng, кинескиот производствен партнер. EMP1 ќе ја „ослаби“ новата 208-ца за околу 100кг, што позитивно ќе влијае на ефикасноста на возилото.

На располагање ќе биде новата генерација на BlueHDi дизел и PureTech бензиските мотори – бензинците се очекува да бидат три-цилиндрични турбо мотори, со моќност од околу 70 коњски сили, па се до 152 коњски сили во 1.2 литарската верзија. Ќе биде понуден и нов 1.6 THP бензински мотор во моделот 208 GTi, со моќност од околу 223 коњски сили.

Дизел моторите ќе бидат со намалена литража – од 1.6 на 1.5 (следејќи го примерот на VW), додека моќноста ќе им се движи од 76 до 121 коњски сили, со CO2 емисии помали од 75g/km на еколошки фокусираните модели.

Внатре, ќе биде подобрен infotainment системот како и контроверзниот i-Cockpit, a на располагање ќе биде и подобрена конективност со смартфоните.

Според некои француски извори, се очекува новиот Peugeot 208 да дебитира на Geneva Motor Show во 2018



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...