Годинава и Audi A3 ќе добие „фејслифт“, кој освен мали промени во изгледот ќе вклучува и нови бензински мотори како и подобрување на infotainment системот и сигурносните мерки на возилото.
Hatch, Sportback, Saloon и Cabriolet верзиите ќе добијат малку поширока предна решетка, потесни фарови и поширока задна врата, со најголемиот дел од измените под хаубата.
Новите мотори кои ќе бидат понудени ќе вклучуваат и за првпат во A3, 1.0 литарски 3-цилиндричен турбо бензинец, „позајмен“ од помалечкото Audi A1. Моторот ќе има 115 коњски сили и 140Nm вртежен момент, а ќе биде вградуван во најосновниот модел кој се очекува да чини околу 23 000 евра.
На располагање ќе биде и сосема нов 2.0 литарски 4-цилиндричен turbocharged мотор од 190 коњски сили и 320Nm вртежен момент, кој ќе доаѓа со 7-брзински dual-clutch менувач. 2.0 литарскиот TFSI ќе биде единствен A3 модел (освен S3 варијантата) со опција за познатиот quattro погон на Audi (на сите четири тркала).
Помеѓу овие две крајности, ќе биде понуден и 1.4 литарска турбо варијанта од 150 коњски сили и 250Nm вртежен момент, кој ќе може да исклучува 2 цилиндра по потреба, за заштедување на гориво.
Понудата на дизел мотори ќе започне со 1.6 литарскиот TDI од 110 коњски сили, по кој ќе следуваат две појаки варијанти на 2.0 литарскиот мотор – една од 150 коњски сили и една од 183 која на пазарот треба да се појави околу 6 месеци подоцна од останатите.
Ќе биде подобрен и S3 моделот со quattro погон, кој ќе има мотор од 310 коњски сили (за 10 повеќе од сега).
Инаку, сè уште нема информации од Audi во врска со количината на CO2 емисиите на овие модели.
Унапредени ќе бидат и сигурносните пакети ќе имаат подобрени системи за безбедно кочење и асистенција при менување на ленти, автономно кочење за заштита на пешаците, како и предупредувања за сообраќајот предвидени да го олеснат излегувањето од паркинг просторите.
Најголеми промени внатре во кабината ќе претрпи Virtual Cockpit-от на Audi. Дигиталната инструмент табла со 12.3 инчен TFT екран ќе биде подобрена, додека 7-инчниот мултимедија екран ќе има опција за „обична“ навигација, или NavigationPlus, кој се конектира и на Google Earth и Google Street View.