BMW M140i и M240i ќе ги заменат моделите M135i и M235i, а ќе имаат поголема моќност и економичност.
Новиот 3.0 литарски мотор ќе ги напојува сите три верзии (хечбек, купе и кабриолет), а ќе има 360 коњски сили и 500Nm вртежен момент. Во споредба со претходните 135i модели, вртежниот момент е зголемен за 50Nm, а коњските сили за 14.
М140i и M240i ќе забрзуваат од 0-100км/ч за 4.6 секунди, односно 4.7 секунди за M240i кабриолет верзијата.
Новите модели ќе бидат и поекономични, со потрошувачка за хечбек и купе верзиите ( и на M140i и М240i) од 15.3km/l и CO2 емисии од 179g/km (за споредба, потрошувачката на M235i изнесува 14.8km/l и CO2 емисии од 189g/km) додека M240i кабриолетот троши 14.4km/l и има CO2 емисии од 189g/km.
4-цилиндричните 20i, 25i и 30i мотори кои ќе се вградуваат и во 1 Series и во 2 Series ќе бидат за 7 коњски сили појаки од сегашните – ќе развиваат 183.5, 224 и 252.4 коњски сили, а стандард кај 125i моделот ќе биде 8-брзински автоматски менувач.
Цените ќе започнуваат од 30 600 евра за подобрениот M120i, 40 700 евра за M140i , 34 300 евра за M220i и 44 800 евра за M240i.