Volvo концепти 40.1 и 40.2

Volvo претстави два концепти за нивни возила кои ќе бидат изградени со комплетно новата CMA платформа која во производство треба да влезе наредната година.



Концептите сега засега немаат име туку се означени како 40.1 (crossover модел, со платформа на обично возило, но карактеристики на SUV, кој најверојатно ќе се појави под името XC40 наредната година, и е со големина помала од XC60, значи во класата на BMW X1) и 40.2 (hatch-sedan модел). Дизајнот е исклучително впечатлив и модерен, значајно различен од елегантните форми кои Volvo ги воведе во нивните автомобили од серијата 90.



CMA (Compact Modular Architecture) платформата не е само намалена верзија на SPA архитектурата која ја користат новиот S90 и XC90. Оваа платформа ќе ги поддржува конвенционалните (бензински и дизел) погони, како и само електричните и хибридните.



Стандардниот бензинец ќе биде 1.5-литарски 3-цилиндричен турбо мотор од 202 коњски сили и погон на предните тркала, додека дизелот ќе има 4 цилиндари.



Електричниот погон би нудел опсег од 346km. со едно полнење на батеријата, додека хибридниот е наречен T5 Twin Engine и ќе користи 3-цилиндричен бензински мотор спарен со електричен, чија литиум-јонска батерија би била поставена некаде на средината на возилото. Хибридот ќе има и 7-брзински dual-clutch менувач, а комбинирано, двата мотори ќе даваат околу 302 коњски сили, а возилото ќе има CO2 емисии од околу 100g/km.



Од Volvo велат дека комплетно автономен модел нема да се појави пред 2020 год., а дури и тогаш таа функција би била привремена – при возење во населени средини, шоферот би ја имал скоро целосната контрола (со поддршка од системите за управување и избегнување на препреки), додека на автопат возилото комплетно би ја превземало контролата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...