Google со патент за лепливи шофершајбни

Според Google, една од работите со кои што автономните автомобили би се направиле уште побезбедни е адхезивната технологија – тие сметаат дека поставување на „леплив“ слој на предницата на ваквите автомобили, кој во случај на колизија со пешак би ја намалил штетата или повредите предизвикани доколку тој биде фрлен врз други возила или објекти. е одлична идеја , поради што и ја патентирале.



Според описот на патентот кој неделава бил одобрен на Google, адхезивната обвивка на предницата на возилото би се активирала со контакт и (скоро) инстантно би била способна буквално да го залепи пешакот за неа, не дозволувајќи му понатамошни повреди кои потенцијално би се случиле доколку тој би бил фрлен од ударот, или доколку падне под тркалата на самото возило кое го удрило. Доколку, пак, пешакот е повреден од самиот удар, оваа техника би го имобилизирала со што исто така би се спречиле дополнителни повреди - на пр. доколку му е скршена ногата, тој ќе остане залепен на возилото додека шоферот не го запре и му укаже или повика помош, наместо да падне/стапне на неа и да ја влоши повредата.

Технологијата е дизајнирана првенствено за автономните возила, но би можела да се аплицира и на било кое „обично“ возило.

Ова би била прва сигурносна мерка од овој вид вградена на надворешноста од било кој автомобил – досега, компании како Citroen или Jaguar имаат вградено уреди кои ја подигнуваат хаубата при удар (за да се ублажи неговиот ефект), додека некои други развиваат надворешни воздушни перничиња. Меѓутоа, никое од овие решенија (освен ова на Google) не нудат начин да се ублажи секундарниот удар на кој што има големи шанси да биде изложен пешакот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...