Fiat 500S 2016

Fiat 500 е еден од најперсонализираните автомобили на пазарот, со мноштво комбинации од бои, лепенки и опции за нагодување на возилото, што ретко се случува два модела да се 100% идентични во сè. Сегa, Fiat ќе понуди и уште една варијација на овој модел, наречена 500S.

Се работи за спортска варијација која ќе нуди ексклузивни бои, нови дизајни на алуминиумски бандажи, како и многу дополнителна опрема.



Боите ќе бидат специфично сина (Italia Blue) и зелена (Alpi Green), додека полираниот метал на предниот браник и рачките на вратите ќе биде заменет со „Satin Graphite” (сатенско-графитен) финиш. Следејќи ја потемнава колор шема, задните стакла ќе бидат затемнети, а 15 или 16 инчните бандажи ќе имаат црни акценти. Сменетиот дизајн на браниците на возилото ќе му дава поспортски изглед и ќе го „залепи“ повеќе до патот, а на располагање ќе биде и 500S Cabrio варијантата, со лизгачки платнен кров.

Внатрешноста ќе остане помалку или повеќе иста како и кај обичниот модел, со црни седишта и материјал на кровот во комбинација со контрастни бои – сина, жолта или бела на панелите на вратата и ивиците на седиштат. Сите варијации ќе имаат спортски волан и сатенско графитни детали на командната табла, а како дополнителна опција ќе се нудат кожни седишта. Ќе биде вграден и најновиот 7-инчен Unconnect touchscreen infotainment систем на Fiat, кој ќе може да биде надграден со DAB дигитално радио и TomTom систем за сателитска навигација. Стандардно, сите возила ќе доаѓаат со подобрениот BeatsAudio систем со силина од 440 вати, што е одлична вест за љубителите на (гласна) музика.

Во поглед на моторите, изборот ќе биде помеѓу 1.2 литарскиот бензински или 1.3 литарскиот дизел мотор, или 2-цилиндричните TwinAir модели од 86 или 106 коњски сили.

Цената се очекува да почне од околу 15 300 евра за основниот 1.2 500S модел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...