ЛУКСУЗНИ И УНИКАТНИ МОДЕЛИ

По клучот се познава автомобилот

Клучевите на современите автомобили содржат електроника за далечинско и бесконтактно отклучување на централната брава и деактивирање на алармот.

Повеќето од нив го немаат основното тело на еден клуч, односно металниот дел. Некогаш најважен детаљ на клучот беше превезокот, а денес самиот клуч е сама уметност. Освен што автомобилските производители се натпреваруваат во моделите на автомобилите, водат битка и за изгледот на клучот.

Погледнете како изгледаат едни од најинтересните и уникатни клучеви.

Aston Martin



Можеби некој ќе каже дека Англичаните отишле предалеку со овој клуч изработен од сафирен кристал. Но, ќе се сложите дека автомобилот кој му е превозно средство и на Џеjмс Бонд, мора да има исклучителен клуч. Ако во случај го изгубите, ќе треба да купите нов кој чини ни помалку ни повеќе туку 2000 евра!

BMW



Произведувачот на премиум автомобили ги изработува и едни од најсовремените клучеви, кои благодарение на екраните чувствителни на допир сè повеќе личат на смартфон уред. Овој клуч прв пат е претставен на хибриден спортски модел i8, а достапен е и за луксузната лимузина Серија 7.

Koenigsegg



Со репутација за изработка на некои од најспектакуларните и најбрзи спортски модели во светот, шведскиот Koenigsegg нема да ги разочара купувачите ниту со овој клуч во облик на амблемот на компанијата.

Nissan 300ZX



Иако не се произведува веќе деценија и половина, спортскиот модел на Nissan заслужи да биде на оваа листа благодарение на несекојдневниот клуч изработен од титаниум. Ако сакате да го купите и денес може да го најдете и да го порачате на интернет по 50 евра.

Pagani



Италијанскиот произведувач на суперавтомобили се сети да направи клуч ист како и автомобилот. Изработен е од ист вид на алуминуим, а клучот содржи и USB flesh disc.

Porsche



Овој произведувач убаво го искомбинирал клучот со автомобилот. Исто како и Pagani и клучот на Porsche е изработен во форма на автомобилот. На клучот може да ја пронајдете и опцијата за спуштање на кровот.

Tesla



Со луксузниот електричен Model S, Tesla Motors исто така изработиле и клуч во облик на автомобилот. Ништо помалку и не очекувавме од компанијата која направи вистински бум на пазарот токму со овој модел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...