Bentley Barnato

Најновото спортско возило на Bentley најверојатно ќе се вика Barnato ( базирано на концептот EXP 10 Speed 6) и на пазарот ќе се појави во наредните 3 години. Трејдмарк за ова име е регистриран пред 2 години, заедно со името на нивниот SUV модел Bentayga.



Името Barnato упатува на Woolf Barnato, поранешниот претседател на Bentley и 3 пати победник на Bentley Le Mans 24 Hours, кој се натпреварувал во 1928, 1929 и 1930. Тој бил познат како еден од „Bentley Boys” и останува еден од малкуте возачи кои победиле на секоја Le Mans трка во која што учествувале.

Пред да се појави овој модел, најверојатно (поради успехот на Bentayga SUV) прво ќе биде развиена купе верзија на Bentayga, како и помалечка „baby SUV“ варијанта со големина на Audi Q5.



Barnato ќе биде изработуван стриктно во верзија со 2 седишта, и ќе има стартна цена од околу 164 000 евра. Бидејќи реакцијата на корисниците на EXP 10 Speed 6 била феноменална, новиот модел ќе биде базиран токму на него. Во најава е и комплетно електрична верзија на EXP 10, која доколку се оствари ќе биде директен ривал на Tesla Model S.

Во новиве модели Bentley планира да инвестира над 840 милиони евра во период од 3 години, со што годинешните продажби би требало да се дуплираат до 2020та год.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...