Ford Kuga Vignale

По претставувањето на подобрената верзија на Kuga годинава, Ford сега ја претстави и Vignale варијантата на овој фамилијарен SUV.



Vignale (sub-brand-от на Ford за полуксузни автомобили) до скоро го нудеше само моделот Mondeo, но сега во понудата се и Kuga, Edge и S-MAX.

Како и Mondeo-то и Kuga Vignale е надополнет со доста хромирани делови, нов хексагонален дизајн на предната решетка и 19-инчни алуминиумски бандажи. Ентериерот се одликува со Windsor кожа, дополнет избор на бои за тапацирот, а меѓу другите додатоци, вграден е и систем за активна контрола на звукот (Active Noise Control), кој преку звучниците го елиминира несаканиот звук од возењето.



Понудени ќе бидат неколку опции за мотори, почнувајќи од 1.5 литарскиот Ecoboost бензински мотор од 150 и 180 коњски сили, до 2.0 литарскиот TDCi дизел во верзии од 150 коњски сили кој ќе доаѓа со 6-брзински мануелен менувач и 180 коњски сили со 6-брзински автоматски менувач и погон на сите тркала.

Одлуката и Kuga да се приклучи на „фамилијата“ Vignale бил фактот што скоро 80% од продадените Kuga модели во 2015-та биле најопремените и најскапи Titanium и Titanium X верзии, што било показател дека има побарувачка за луксузни SUV модели.



Цената сè уште не е позната, а Ford Kuga Vignale треба да се појави на пазарот подоцна оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...