Renault Alaskan 2017

Renault Alaskan е нов пик-ап камион кој ќе биде ривал на сестринскиот модел Nissan Navara и на конкуренцијата како Mitsubishi L200 и Volkswagen Amarok, кога ќе се појави на пазарот во 2017-та.

Alaskan е првиот модел на Renault во оваа LCV (light commercial vehicle/лесно комерцијално возило) категорија и инспирација наголемо зема од искуството на Nissan (со кого што се во алијанса од 1999-та и голем дел од истражувањата и развивањата на нови технологии им се заеднички) со моделот Navara. Дизајнерски двата модела се многу слични, со големиот беџ на компанијата на предната решетка и дневните LED светла.



Основниот модел ќе биде понуден со 2.3 литарски twin-turbodiesel мотор, кој се користи во комби моделите Renault Master. Тој мотор ќе биде со 160 или 190 коњски сили, додека ќе бидат на располагање и 2.5 литарски дизел и бензински мотори, но не за сите земји/пазари.

Како и Navara, Alaskan ќе може да се купи со погон само на задните или на сите четири тркала, со опција за 6-брзински мануелен менувач или 7-брзински автоматски. Максималната тежина на товар за влечење ќе биде 3.5 тони, а ќе може да се бира помеѓу модели со единечна и двојна кабина. Стандардната големина на тркалата ќе биде 16 инчи, но со поскапите верзии како опција ќе бидат понудени и 18 инчни. Во делот каде што ќе стои товарот има C-channels (вдлабнати канали) и мноштво куки со кои товарот ќе може да се внесе и истовара брзо и безбедно. Тука исто така ќе се наоѓа и напојување од 12V.



Од опремата во ентериерот, Alaskan ќе има греење на предните седишта и dual-zone контрола на климата. Внатре ќе има 5-инчен TFT дисплеј, аудио систем со CD плејер и компактибилност со смартфони, bluetooth и контроли на воланот, како и стартување без клуч. Кај одредени верзии Renault ќе нуди 7-инчен сателитски систем за навигација, заедно со систем на камери од 360 степени кој ќе помага за одредени маневри.



Renault Alaskan би требало да се појави на пазарот на почетокот на 2017-та, со почетна цена од околу 27 500 евра



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...