Nissan Qashqai Black Edition

Тhe Black Edition т.е „црното издание“ е првата специјална верзија на Nissan Qashqai откога се има појавено на пазарот во 2013-та. Како нов предводник на овој модел, ќе биде произведен во ограничени количини со врвни Tekna спецификации, како и подобрување во стилот, сигурноста и вградената технологија.



Овој модел ќе биде напојуван со dCi 100 6-брзински 2WD мотор со потрошувачка од 30km/l и CO2 емисии од само 103g/km.

Црното издание ќе вклучува и 19 инчни алуминиумски Black Ibiscus бандажи, Pearl Black („бисерно црна“) металик боја, и штитници на вратите со беџ „Black Edition”. Панорамскиот покрив ќе доаѓа како стандарна опција, што вообичаено чини додатни скоро 700 евра на Tekna моделите.

Nissan вклучува и голем број од нивните сигурносни системи кај ова Црно издание, како што се оние за предупредување при менување на ленти, асистент при вклучени долги светла, предупредување доколку нешто се наоѓа во мртвиот агол на возилото и автоматско сопирање во итни случаи.



Ентериерот е обложен со црна кожа, а вграден е NissanConnect infotainment системот прикажан на интегриран touchscreen од 7 инчи. На располагање се и DAB радио, сателитска навигација, како и монитор со поглед од 360º околу возилото како помош при маневри при мала брзина.

Со цена од околу 32.000 евра, Nissan Qashqai Black Edition е веќе на продажба во лимитиран број.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...