Dacia Duster/Grand Duster 2017/2018

Според сознанијата на списанието Auto Express, Dacia планира на пазарот да исфрли сосема нов Duster во 2017-та, како и негова SUV верзија со 7 седишта (најверојатно наречена Grand Duster) во 2018-та.



Новиот Duster ќе има по „мек“ и елегантен дизајн во споредба со „коцкастиот“ кој го има сегашниот модел, а за се задржи пониска цена за изработка, ќе биде изработен врз истата платформа која сега се користи за верзијата со 5 седишта, но на која што ќе и биде зголемено меѓуоскиното растојание за да може да се смести третиот ред со седишта. Новиот седмосед ќе биде долг околу 4.7м со багажник од 650 литри (со спуштен третиот ред на седишта), додека петоседот ќе биде долг околу 4.3м со багажник од 500 литри.

Во големината Grand Duster ќе им парира на конкурентните Nissan X-Trail и Kia Sorento, но ќе има далеку помала стартна цена од нив, која би требало да се движи околу 15 000 евра.

Бидејќи Dacia отсекогаш правела возила за оние со помал буџет, во внатрешноста не треба да се очекуваат некои високотехнолошки „луксузи“ – основните модели ќе доаѓаат со електрични предни прозорци, DAB радио и челични бандажи, додека поскапите ќе имаат контрола на климата, сателитска навигација и сензор за паркирање. Најскапите модели со погон на сите 4 тркала би требало да чинат околу 21 000 евра – најскапо што Dacia некогаш наплатувале за автомобил.



Селекцијата на моторите кои се на располагање на сегашниот Duster ќе се повторува и кај новиот – ќе бидат понудени 1.2 литарски turbo бензински мотор од 125 коњски сили, како и 1.6 литарски дизел од 132 коњски сили (кој Renault го користи во моделот Kadjar).

За да се задржи ниската цена, најверојатно нема да постојат верзии со автоматски менувач, туку само со 6-брзински мануелен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...