Најновиот член на Megane фамилијата на Renault е моделот Megane Grand Coupe, кој ќе му биде ривал на новиот Audi A3 saloon
Дизајнот на предницата (со препознатливите LED светла во С-облик) е скоро идентичен со оној на Megane hatch верзијата, но за разлика од неа, Megane Grand Coupe има багажник од 503 литри – во споредба со 434 литри кај hatch-от.
Со тој модел ги дели и моторите, но нивниот избор ќе варира во однос на тоа на кој пазар се продава автомобилот. На располагање ќе бидат 2 бензински мотори: 1.6 литарски со 116 коњски сили и помоќен 1.2 литарски turbo со 133 коњски сили. Дизел моторите ќе вклучуваат еден 1.5 литарски dCi, но со различна моќност: 91, 111 или 131 коњски сили. Изборот на менувачи ќе биде помеѓу 6-брзински мануелен или 7-брзински dual clutch автоматски.
Во внатрешноста, поскапите модели ќе доаѓаат со 7-инчен full-TFT инструмент панел и голем 8.7 инчен R-Link infotainment систем.
Megane Grand Coupe ќе се продава во над 20 земји, а ќе се произведува во фабриката на Renault во Бурса, Турција.
Овој модел ќе им се придружи на hatch и Sport Tourer estate моделите во линијата на Megane кои имаат целосен панорамски стаклен покрив.