2018 BMW 3 во електрична верзија – Ривал на Tesla

BMW планира да конкурира на новите Audi A4, Jaguar XE и Mercedes C-Class со новата 3 Series во наредните 18 месеци, која треба да има и комплетно електрична варијанта.



Новата серија ќе има carbon-fibre конструкција и нов распон од 3,4 и 6 цилиндрични мотори, но BMW планира и да му парира на Tesla Model 3 со plug-in хибридна и комплетно електрична верзија на возилото.

Новата генерација на 3 Series е со шифрирано име G20 и ќе биде изработено врз сосема нова платформа наречена CLAR (Cluster Architecture). CLAR веќе се користи во најновата 7 Series, и елементи од неа ќе бидат искористени и во лимузинската верзија на „помалиот брат“.

Полесните компоненти на оваа платформа ќе овозможат новите тројки да бидат полесни за некои 80kg, со што можеби ќе станат најлесните автомобили во својата класа.

Од „класичните“, понудени ќе бидат 1.5 литарски 3-цилиндричен бензински мотор од 137 коњски сили, 1.6 литарски 3-цилиндричен дизел од 115 коњски сили, како и 2.0 литарски дизел. Меѓутоа, електричните верзии се оние кои треба новата 3 Series да ја турнат пред конкуренцијата.

 

За CLAR платформата се вели дека е создадена за електрификација и дека инженерите на BMW работат на инсталација на батерии со моќност од 90kWh што на возилото би му дало домет од околу 482km со едно полнење.

eDrive (целосно електрична) верзијата најверојатно нема да се појави на пазарот пред 2020, но со лансирањето на новата 3 Series ќе има најмалку една plug-in Хибридна варијанта – тоа ќе биде нова верзија на 330e, која ќе ја користи комбинација од 2.0 литарскиот бензински мотор и електричниот мотор од 88 коњски сили кои го има сегашниот модел, но со вградени помоќни батерии кои ќе го продолжат дометот на возење кога е активен само електричниот мотор.

Се очекува оваа серија да биде презентирана наредната есен, најверојатно на Frankfurt Motor Show 2017, а продажбата да започне на почетокот на 2018.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...