Аudi A8 и најновите технологии вградени во него

Најновата замена за предводникот на луксузни saloon возила на Audi, моделот А8, ќе биде едно од технички најразвиените возила кои се појавиле на пазарот. Од Audi планираат во него да ги вградат нивните најнапредни технологии, така што ова ќе биде првото комерцијално направено возило со „Level 3” технологија за автономно возење, што значи дека автомобилот ќе ја има комплетната контрола, а возачот ќе може да одмори и воопшто и да не обрнува внимание на патот.



Дизајнот на A8 ќе биде инспириран од Prologue концептот кој беше претставен на LA Motor Show минатата година, кој меѓу другото се одликува со поистакната предна решетка и специфични задни светла (кои се забележуваат и на шпијунските фотографии, и покрај тоа што возилото е значително замаскирано)



Audi A8 ќе има вградено и нов електричен систем од 48v, сличен на оној кај новото Audi SQ7, кој ќе функционира и во обичните и во хибридните модели. Се очекува и plug-in хибридна верзија на A8, но не и сосема електрична – тоа Audi го „чуваат“ за друг нивни модел кој треба да е ривал на Tesla.



Револуционерниот систем за автономно возење ќе вклучува радарски сензори со голем домет, 12 ултрасонични сензори, ласерски скенери и видео камери во висока резолуција кои константно ќе ја набљудуваат околината околу возилото. Сето ова треба да му овозможи на системот безбедно да вози низ сообраќајот со брзини до 60км/ч.

Oд компанијата велат и дека работат на нов систем за контролирање на одредени функции на автомобилот со гестови (кој ќе биде вграден и во новиот VW Golf наредната година), како што се нагодување на температурата, одговарање на телефонски повици или менување на радио станици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...