Повторно планови за Smart SUV?

Компанијата Smart (чиј сопственик e Mercedes), специјализирана за изработка на градски возила, уште пред 10-на години ги има најавено плановите за развивање на возило во SUV стил, но тој проект беше прекинат во 2005-та.



Но, на претставувањето на новиот Smart Brabus, продукт менаџерот на Daimler (Katharina Beck) изјавила дека компанијата е сè уште отворена за различни интерпретации на возила кои ќе обезбедат агилност и комфор при градско возење, при што на новинарското прашање дали под тие интерпретации подразбира и SUV со беџот на Smart, таа одговорила „никогаш не велите никогаш, да видиме што ќе донесе иднината“

Минатата година на Shangai Motor Show-то, директорот на Mercedes Benz исто така споменал дека доколку се прави било каква експанзија на Smart фамилијата, SUV сегментот дефинитивно ќе биде земен во предвид.

Доколку тоа се случи, ќе биде многу логичен нареден чекор за Smart, земајќи ја сè поголемата побарувачка за мали crossover возила и SUV модели на пазарот. Фокусот кај ваквиот модел не би бил на зголемување на просторот во кабината или багажникот, туку на функционалноста при возење во урбана околина.

Во SUV-от најверојатно би се вградувал истиот опсег на 3-цилиндрични турбо и не-турбо мотори, базирани на платформата со погон на задни тркала која ја имаат и другите Smart модели. Постои шанса и за целосно електричен модел, земајќи ја в предвид намената на возилото, кое ќе биде наменето стриктно за градско возење.

Ако ваков модел воопшто се произведе, се претпоставува дека цената на основниот модел би била нешто под 16.700 евра (слична на онаа на популарниот Nissan Juke).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...