Нова Буба: VW Beetle и Beetle R-Line

Volkswagen ги претставија новите подобрени верзии на нивниот модел Beetle ( т.е познатата „Буба“), како и варијацијата R-Line.

Визуелните подобрувања кај обичните модели се минимални – преден браник со малку изменета форма и ново опкружување на светла за магла. За ентериерот ќе постои поголем избор на материјали, а додадени се и нови бројачи и посветол инструмент панел.



За доплата од околу 750 евра на располагање ќе биде Black Style пакетот со кој што следуваат 17-инчни црни алуминиумски бандажи, црн кров и црна предна решетка .

Кај „обичните“ модели (вклучувајќи ја и кабриолет верзијата) ќе постои избор од неколку мотори – кај бензинците, основниот модел ќе биде со 1.2 литарски мотор со 105 коњски сили или 1.4 литарски Turbo со 150 коњски сили, додека дизел моторите ќе доаѓаат во 2.0 литарски варијанти со 110 или 150 коњски сили.

R-Line варијацијата ќе има 18 инчни Twister алуминиумски бандажи, уникатни R-Line браници, заден дифузер и двојни цевки на ауспухот. Оваа варијанта ќе доаѓа исклучиво со 2.0 литарски дизел мотор со 150 коњски сили, со избор за менувач помеѓу 6-брзински мануелен или DSG автоматски.



Во внатрешноста, R-Line ќе има алуминиумски педали, кожен волан и уникатни бројачи на инструмент таблата. Стандардната опрема која ќе следува во овие модели ќе биде контрола на климата, амбиентално осветлување, сензори за паркирање и контрола на крстарење.

Цените ќе почнуваат од 20 000 евра па нагоре за купе моделите, до 23 500 за кабриолетот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...