Audi R8 Spyder

Новиот Audi R8 Spyder за прв пат беше претставен во март на New York Motor Show, а сега компанијата ги објави цените и техничките карактеристики на овој модел.



R8 Spyder ќе се појави на пазарот при крај на 2016-та, а во стандардната опрема ќе бидат вклучени: селекторот на Audi за возачки режим, мулти-функционален кожен волан, 12.3 инчен дигитален дисплеј наместо потенциометри, кој Audi го нарекува Virtual Cockpit, како и Audi Connect кој покрај останатите опции за конективност нуди и смартфон интеграција со iOS и Android. Како дополнителна опрема на располагање ќе биде Bang & Olufsen звучниот систем со вградени звучници во потпирачите за глава, LED фарови, како и Sport Plus пакет со кој се добива подинамично управување, прилагодливи амортизери и по спортски ауспух.

Во поглед на дизајнот, тој е скоро идентичен со купе моделот. Материјалот од кој што е изработен кровот на повлекување тежи само 44kg, и може да се отвори и затвори за 20 секунди при брзина од 50км/ч.



Целиот автомобил тежи 1612kg „на голо“, што е за 113kg помалку отколку претходниот R8 Spyder, благодарејќи на оквирот направен од јаглеродни влакна. Тежината му изнесува 1720kg (125kg повеќе отколку купе моделот) кога е комплетно наполнет со стандардна опрема и продукти неопходни за функционирање како моторно масло, масло за менувачот, антифриз, течност за климата и полн резервоар гориво, а без ниеден патник или багаж.

R8 Spyder ќе има 5.2 литарски V10 мотор од 540 коњски сили и 540Nm вртежен момент, со S-Tronic dual clutch автоматски менувач, што ќе му овозможува забрзување од 0-100км/ч за 3.6 секунди и максимална брзина од 318км/ч. Подоцна годинава се очекува и помоќна „plus” верзија со 610 коњски сили.



Цената ќе стартува од 153.500 евра за основниот модел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...