Nissan Bladeglider концепт

Nissan го претстави најновиот развој на нивниот Bladeglider концепт, кој моментално е изложен на настан во Бразил, за да се одбележи стартот на олимписките игри во Рио.



Оригиналниот Bladeglider беше претставен на Tokyo Motor Show во 2013-та, а во споредба со него, новиот има пореалистична кабина и комплетно електричен погон.

Од Nissan велат дека Bladeglider е студија за потенцијалот на перформансите на напредната технологија вклучена во електричните возила – моторот е произведен од Williams Advanced Engineering партнерот на Nissan во овој проект, а возилото има 220kW литиум-јонска батерија која со електрицитет ги снабдува парот електрични мотори од 130kW по еден на секое од задните тркала.



Целиот автомобил е долг 4,3m и е незначително пократок од, на пример, Ford Focus. Широк е 1,85m, висок 1,3m и тежи 1300kg – скоро идентично како електричниот BMW i3. Максималната брзина му изнесува околу 190км/ч, а од 0-100км/ч забрзува за помалку од 5 секунди.

Во ентериерот е употребен пофункционален материјал отколку кај верзијата од 2013-та, а сменета е и командната табла која сега претставува микс од 4 екрани, а воланот содржи команди за менување на брзините и неколку мода на возење (сличен на оној кај Ferrari Mannetino)



Во официјалната кореспонденција за новите возила, Nissan ги опишува како „функционални прототипи“, наместо само како концепти, што ги подгрева шпекулациите дека компанијата планира да направи и продукциска верзија на Bladeglider-от. Овие шпекулации, според зборовите на шефот за маркетинг и бренд стратегија на Nissan, не се точни, барем не целосно – тој инсистира на тоа дека Bladeglider нема да се појави на пазарот уште најмалку 2 до 3 години, но дека компанијата ќе ги користи прототипите да научи што повеќе за потенцијалната зголемена побарувачка на пазарот за електрични возила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...