InCarIn проект

Кај новите модели на автомобили вообичаен дел од опремата се разните сензори кои ги анализираат објектите околу возилото и асистираат при паркирање, менување ленти, контрола на крстарењето и сл., а сега истражувачите веќе работат на сензори кои ќе ги следат движењата во ентериерот на автомобилот.

Иницијативата наречена „Интелигентен ентериер на возилата“, во оригинал „Intelligent Car Interior project” (InCarIn) се фокусира токму на она што се случува внатре во возилото, со помош на камери кои имаат перцепција на длабочината и можат да го снимаат ентериерот, да го идентификуваат бројот на патници, нивната големина и положба/држење.

Преку сето ова системот може да ги дедуцира нивните активности – на пример, ќе може на екранот кој што се наоѓа пред возачот да прикаже видео слика од задното седиште, за да тој не мора да се сврти и провери што прават децата позади (доколку забележи дека пробува да го направи тоа).



Системот исто така ќе ги анализира големината на телата и нивната позиција, со што ќе може да прави корекции за секој патник (во поглед на подесување на седиштата, појасите и сл.), како и да препознава што тој планира да прави и што држи во рацете.

InCarIn ќе биде тестиран во Volkswagen Multivan, а доколку се покаже корисен, овој систем на вештачка интелигенција може да стане интегрален дел од сите идни автономни возила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...