Под-бренд на Mercedes за електрични возила

Компанијата Mercedes-Benz моментално работи на нивниот нов под-бренд кој ќе произведува исклучиво електрични возила кои ќе треба да претставуваат сериозна конкуренција на Tesla и BMW моделите. Според неименувани извори, Mercedes планираат да навлезат во овој сегмент на пазарот со два електрични седан модели и два SUV модели.

Под-брендот сè уште нема име, но Mercedes веќе го имаат објавено нивниот план да претстават електричен автомобил на Paris Motor Show во септември, па можеби тогаш ќе се дознае и името. Според некои претходни извештаи, моделот кој ќе го претстават ќе биде концепт на електричен седан со високи перформанси, погон на сите тркала, домет од околу 480 километри со едно полнење на батеријата и цена од околу 180.000 евра.

Компанијата, според одредени извори, ќе ги произведува идните електрични модели во фабриката во Бремен, Германија, а почнувајќи од наредната година, во оваа фабрика ќе почнат да се произведуваат верзии на GLC SUV моделот кои ќе можат да се полнат со од обичен ѕиден штекер, а како гориво ќе користат водород.

Од германските производители, BMW и Mercedes не се единствените кои планираат значително да ја зголемат својата понуда со електрични автомобили – Volkswagen исто така планира да исфрли на пазарот 20-тина електрични и Plug-in хибридни модели до 2020-та год.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...