2018 Audi A7

Новото Audi A7 е забележано на шпијунски фотографии и иако е значително камуфлирано, сепак е видливо дека дизајнот нема да му е драстично сменет, туку дека ќе има суптилни визуелни промени во однос на сегашниот модел.



Најзабележителна промена е новата предна решетка и предни фарови, кои го имаат истиот стил како и новите TT и А5 модели, а променет е и изгледот на задните светла. Се очекуваат слични измени и во ентериерот, во кој ќе биде вграден новиот Virtual Cockpit систем на Audi.

Во поглед на моторите, иако изборот се очекува да биде помеѓу V6 и V8 варијанти од бензински и дизел мотори, кај моделот на овие фотографии не се забележува ауспух, што може да значи или дека се работи за невообичаен дизајн, или дека е можна електрична или plug-in хибридна верзија на овој модел.



Новиот А7 ќе ја користи MLB Evo платформата, истата од Q7 SUV моделот, дизајнирана да ја намали тежината на возилото – тоа значи дека се очекуваат подобрувања во поглед на потрошувачката, управувањето и перформансите. Колку за споредба, сегашниот 3.0 литарски TDI Ultra модел со 218 коњски сили има потрошувачка од 25km/l и CO2 емисии од 124g/km.

Новата генерација на Audi А7 се очекува на пазарот да се појави до 2018-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...