2017 Tiguan XL и Coupe

Иако и претходно беше забележан на шпијунски фотографии, но со каросерија на VW Passat моделот, ова се првите слики од новиот Tiguan XL без никаква маска.



Volkswagen уште рано годинава потврдија дека нивни нареден приоритет ќе биде проширување на понудата на SUV моделите, почнувајќи со верзија на Tiguan со 7 седишта, но и на купе верзија со 5, која би била ривал на Range Rover Evoque.

Најновиот Tiguan е прв SUV во VW Group изработен врз MQB платформата – истиот сет на компоненти се наоѓа под сите модели почнувајќи од 7-мата генерација на Golf до Skoda Octavia. Верзијата на MQB (интерно позната како A2) која ја има Tiguan-от ќе биде вградена и во новиот Seat Ateca и идната генерација на Skoda Yeti и Audi Q3.

Првата екстензија на Tiguan брендот ќе биде верзијата со 7 седишта, која ќе има меѓуоскино растојание за 11cm подолго отколку она на регуларниот SUV модел, како и зголемена задна настрешница. Името најверојатно ќе биде Tiguan XL, а ќе се произведува во Кина и Мексико. Во XL ќе биде вградена подолга верзија на A2 платформата, со идентично меѓуоскино растојание како новиот седмосед SUV на Skoda, моделот Kodiak.



Купе моделот ќе има 5 седишта и меѓуоскино растојание како регуларниот SUV модел, но сè уште не се знае каде ќе се произведува бидејќи овој модел не бил планиран кога започнало планирањето на новиот Tiguan во 2011-та. Единствено што се знае е дека купето ќе биде „глобален“ модел и скоро сигурно ќе се произведува и во Европа.

Volkswagen исто така планира неколку помали SUV модели како Т-Roc (со големина на Golf) и Т-Cross кој ќе биде ривал на Nissan Juke, базиран на VW Polo.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...