Volkswagen Polo SUV

Изминатите месеци беше откриено дека Volkswagen планираат поголема и попрактична хечбек верзија на нивниот модел Polo, која на пазарот треба да се појави во 2017, а исто така беше најавена и SUV верзија, која сега е забележана на шпијунски фотографии за време на тестирање.



Како што може да се забележи од нив, новото Polo SUV ќе добие помасивна каросерија со погруб и спортски изглед, кој ќе парира на Nissan Juke, Citroen C4 Cactus и Peugeot 2008, а се очекува на пазарот да се појави веднаш по претставувањето на конвенционалното Polo наредната година.

Идната генерација на Polo моделите, според инсајдери од VW, ќе биде порастегната од старите бидејќи ќе биде прво супермини од VW Group кое ќе биде направено врз MQB платформата и тоа на нејзината најмалa верзија наречена A0.

A0 архитектурата ќе има едно фиксно меѓуоскино растојание, во споредба со A1 која има 5 разни големини и врз која се направени разни возила почнувајќи од Audi TT па до Golf SV. A0 ќе почне да ја користи новото Polo, а потоа врз неа ќе бидат направени следните верзии на Audi A1, Skoda Fabia и SEAT Ibiza. Меѓуоскиното растојание ќе биде 2,56m, што е за 9 cm поголемо од она на сегашното Polo и за 2 cm пократко од она на Mk6 Golf моделите.

Стајлингот ќе остане конзервативен, сличен на новата верзија на Golf која треба да се појави пред крај на ова година, а во поглед на моторите ќе бидат понудени 1.0 литарски 3-цилиндричен бензинец, како и 1.5 литарски бензински и дизел мотори кои ќе ги заменат сегашните 1.4 литарски бензински и 1.6 литарски дизел варијанти. MBQ платформата отвора простор и за plug-in хибриден модел со бензински или дизел мотор кој би го придружувал електричниот, но цената на оваа технологија може да биде пречка за толку малечко возило. Истото не би требало да е проблем за поскапиот SUV модел кој би бил изработен врз оваа платформа, базиран на T-Cross концептот.

Polo SUV ќе се нуди и во верзија со погон на сите тркала, со мануелен или dual-clutch автоматски менувач. Понудата на моторите ќе го прерипа 1.0 литарскиот 3-цилиндричен бензинец и ќе почнува со turbocharged верзијата од истиот мотор, со моќност од околу 110 коњски сили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...