Vision Mercedes-Maybach 6

По неколкуте тизери кои го најавуваа изминатиов период, Vision Mercedes-Maybach 6 е конечно и официјално претставен.



Се работи за концептуално 2+2 купе со електричен погон, долго скоро 6 метри и кое кога ќе се појави на пазарот во 2017-та, ќе му конкурира на Rolls-Royce Wraith и на останатите суперлуксузни спортски модели.

Според официјалните детали, Maybach 6 има 750 коњски сили и домет со едно полнење на батеријата од 322km. Перформансите се подеднакво импресивни, од 0-100км/ч забрзвува за помалку од 4 секунди, а максималната брзина му е лимитирана на 250км/ч. Бидејќи батеријата брзо се полни, за само 5 минути може да се дополни со доволно енергија за дополнителни 100km, a на располагање е и опцијата за автономно возење.



Целиот дизајн е футуристички со огромните 24-инчни тркала, долгата предница и заоблениот заден дел, а ентериерот со неговата уникатност делува како да е 20 години пред времето.

Предниот дисплеј ги покажува сите навигациски податоци, како и оние од infotainment системот, а на стаклото од шофершајбната кое исто така служи како дисплеј се прикажани податоци поврзани со возењето.



Овој модел е модерна интерпретација на Maybach Excelero од 2004-та, кој пак е спортско возило со V12 мотор базирано на идеја за модерен луксузен автомобил во стил од 1930-тите. Maybach 6 ќе се наоѓа во класа над S-Class Coupe во фамилијата на Mercedes, а продукциската верзија која треба да се појави на пазарот наредната година се очекува да чини околу 277.000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...