Cadillac Escala концепт

Cadillac го претстави концептот Escala – луксузно купе со 4 врати, во класата на Porsche Panamera или BMW 6 Series Gran Coupe, но во добро познатиот американски стил.

Escala е базирана на истата платформа како Cadillac CT6, но има поголемо меѓуоскино растојание од него поради тоа што и самото возило е за некои 15-тина сантиметри подолго.



Напред се забележува нова интерпретација на класичната предна решетка на Cadillac, околу која се наоѓаат тенките LED фарови и дневните светла во L форма, а комплетниот дизајн со тенките елементи е многу поделикатен отколку кај сите сегашни модели на Cadillac.

Внатрешноста е дизајнерски фантастично решена – командната табла е дизајнирана во партнерство со компанијата LG и ги има елиминирано сите аналогни мерачи. На нивно место се наоѓаат OLED екрани со супер-остар квалитет на слика на кои се прикажуваат податоците врзани со возењето како што се брзината, информациите од сателитската навигација и сл, додека остатокот од кабината е во прилично минималистички стил.



Возачот може да го синхронизира календарот од неговиот смартфон со системот во возилото, при што информациите во врска со меморираниот распоред на задачи ќе бидат прикажани на дигиталните дисплеи.

Моторот е 4.2 литарски V8, а необично за ваквите големи и моќни возила, има опција за деактивација на цилиндрите за да се подобрат перформансите и потрошувачката.



Сè уште не е познато дали Escala воопшто ќе се произведува, но компанијата го смета овој концепт како потенцијално надополнување на нивниот план за продукциски возила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...