McLaren MSO HS

McLaren го претстави најновиот член на нивната Super Series фамилија, моделот MSO HS. Базиран е на 675LT, но со зголемени перформанси, помала тежина и подобрена аеродинамика.

Нарачан од тимот за специјални операции на McLaren, овој модел го користи нивниот познат 3.8 литарски twin-turbo V8 мотор, со 700Nm вртежен момент и моќност зголемена од 675 на 688 коњски сили, што се должи на новиот издувен систем со кросовер пригушувач, кој го оптимизира протокот на гасовите. Ќе бидат направени само 25 вакви возила.

На задниот дел има огромно крило направено од јаглеродни влакна, превземено од McLaren P1 GTR програмата, додека предниот сплитер и air-scoop елементот монтиран на кровот помагаат во „лепење“ на возилото на патот, со downforce од 220kg при 240км/ч.



Тежината на MSO HS значително е намалена со материјалите искористени за негова изработка: поликарбонатен поклопец за моторот, лесниот Алкантара материјал во внатрешноста кој крати 3.5кг во однос на конвенционалните материјали, како и седишта од јаглеродни влакна кои кратат уште 15-тина килограми.

Перформансите сè уште не се јавно објавени, но се очекува да бидат многу блиску до оние на McLaren-овиот хибриден супер-автомобил P1.

Сите 25 автомобили се веќе нарачани од муштериите на McLaren, а цената варира од возило до возило.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...