Tesla Model S и Model X P100D

Тesla ги претстави Model S и Model X P100D верзиите со помоќна батерија од досегашните модели, правејќи го Model S P100D најбрзо забрзувачки нов автомобил кој моментално е на продажба.

Model S P100D забрзува од 0-100км/ч за само 2.5 секунди (што значи дека може да го претрка McLaren F1), а моментално од него се побрзи само два автомобила – LaFerrari и Porsche 918 Spyder.

Во почетокот бројот на автомобили кои ќе се произведат нема да биде голем, бидејќи нивното производство не е едноставно и компанијата мора да се погрижи сите да се ефективни и безбедни. Муштериите кои веќе ја имаат нарачано P90D верзијата со Ludicrous модот но сè уште ја немаат добиено, ќе можат да доплатат и да ја добијат најновата верзија со батерија од 100 kWh.

Сегашните корисници, пак, на P90D исто така ќе можат да го надградат автомобилот, но за поголема доплата.

P100D има домет од 613km со едно полнење на батеријата, како и погон на сите 4 тркала. Model X P100D, пак, има забрзување од 0-100км/ч за 2.9 секунди, и домет од 542km.

Наредната надградба на Model S годинава ќе вклучува зголемување на полначот од 40amps на 48amps, со што батеријата ќе се полни значително побрзо, како и вметнување на напредниот систем за филтрирање на воздухот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...