Devbot и Robocar – автономни тркачки возила

Серијата на трки на автономни возила наречена Roborace го претстави Devbot – вистинско автономно тркачко возило (кое за жал не е со футуристички изглед како концептите кои досега се ширеа на интернет). Возилото ќе претставува основа за софтверот и хардверот, кој останатите тркачки тимови ќе го користат во сопствените возила.



Целта на Roborace е да го обезбеди секој тим со идентични возила, чија што единствена разлика ќе претставува софтверот и неговото кодирање од страна на тимовите. Devbot изгледа како традиционално тркачко возило и има вградено софистициран компјутер кој го управува – иако има и кабина со возачко седиште, за да доколку е неопходно, контролата да ја превземе човек. Од Roborace, пак, велат дека кабината е таму од друга причина – да им дозволи на тимовите комплетно да разберат како возилото се однесува кога е на патека.



Devbot го има истиот компјутерски систем и погон како и футуристичкиот Robocar концепт, дизајниран од Daniel Simon, кој ќе биде официјално претставен подоцна годинава. Автомобилот ќе има вградено импресивна технологија за автономно возење, многу пософистицирана од било кој „полу-автономен“ систем, кој се вградува во автомобили како што е Tesla Model S.

Devbot и Robocar користат голем број на lidar и radar сензори како и два GPS сензори на врв на возилото кои го позиционираат на стазата, додека „мозокот“ зад сето ова е Nvidia Drive PX 2 суперкомпјутерот.

Roborace трката ќе почне да се одржува подоцна годинава, како додаток на третата сезона од регуларните Formula E трки. Отсуството на возач значи дека возилата ќе имаат дополнителен простор за батерии, елиминирајќи ја потребата за нивно менување насред трка, како во Formula E.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...