Lada XCODE концепт

Lada на 2016 Moscow Motor Show претстави нов компактен SUV концепт наречен XCODE. Рускиот бренд, кој е дел од Renault-Nissan алијансата, вели дека XCODE го демонстрира можниот развој на новата линија на моделите на Lada. Возилото е дизајнирано под водство на Briton Steve Mattin, поранешен дизајнер во Mercedes-Benz и Volvo.



Од компанијата велат дека XCODE го следи дизајнерскиот стил успешно имплементиран во продукциските модели Vesta и XRAY, кои се направени врз платформата B0 на Renault-Nissan – истата архитектура која се наоѓа под Nissan Juke и Dacia Duster.



Се претпоставува дека XCODE е исто така направен врз оваа платформа, иако од Lada сè уште нема никакви официјални информации во врска со димензиите или техничките спецификации на овој модел, освен дека ќе користи турбо мотори и ќе нуди погон на сите тркала.



Дизајнот на екстериерот е сличен на оној на XRAY, додека во внатрешноста се наоѓа infotainment систем со 10-инчен touchscreen и дигитална инструмент табла. Од Lada велат дека возилото ќе има интеракција со сопствената Lada Connect апликација за смартфони, преку која што ќе може да се контролира сè – почнувајќи од отворањето на вратите и вклучување на греењето, до прикажување на дијагностички информации и предупредувања доколку нешто не е во ред со него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...