Citroen CXPERIENCE

Citroen на овогодинешното Paris Motor Show ќе го претстави концептот наречен CXPERIENCE, кој е можно во иднина да го замени фамилијарниот модел C5.

Се работи за голем хечбек со должина колку сегашниот Ford Mondeo со 5 врати, но кој е значително поширок (2m) и понизок за околу 10cm отколку Ford-от.



Формата на возилото има сличност со стариот модел CX, со футуристички дизајнирана предница на која има исклучително тенки LED дневни светла, широки само 3mm, во кои се вметнати и фаровите. Отворите, пак, за воздух во долниот дел на предниот браник можат да се отвораат и затвораат за да се подобри аеродинамичната ефикасност.



Во внатрешноста, концептот ги прикажува последните достигнувања во Advanced Comfort принципите на Citroen – командната табла има чист изглед, без никакви физички копчиња бидејќи сите контроли се на touchscreen, а зад неа се наоѓа HUD-от (Head-up display) на кој што ќе се прикажуваат податоци во врска со возењето. На таблата доминира 19 инчниот дисплеј кој што може да се реконфигурира да прикажува еден, два или три главни елементи.

Во предниот дел се наоѓа и место за поставување на смартфон, додека во задниот има мобилен таблет наменет за патниците преку кој што можат да ги прилагодуваат подесувањата во врска со седиштата и климата, како и да разменуваат медија фајлови.



Во CXPERIENCE е вграден последниот хибриден погон од PSA Group, поточно комбинација од електричен мотор од 80kW кој ги движи задните тркала, бензински мотор во предниот дел со можност помеѓу 152 и 202 коњски сили и 8-брзински автоматски менувач. Само со електричниот мотор, возилото може да помине до 65km со едно полнење на батеријата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...