Skoda Kodiaq

Skoda официјално го претстави нивниот SUV модел Kodiaq, кој на пазарот ќе се појави подоцна годинава, а испорака на првите модели се очекува до јануари 2017-та.



Kodiaq ќе се нуди во верзии со 5 или 7 седишта, а ќе биде 4,7m долг, 1,8m широк и 1,6m висок, изработен брз MQB платформата на VW Group.

Дизајнот е поаголен отколку оној на Yeti, додека предницата е скоро идентична на онаа од Skoda Superb. Замената на Yeti се очекува во наредните 18 месеци и се претпоставува дека ќе изгледа како намалена верзија на Kodiaq.

Автомобилот тежи 1452kg во верзијата со 5 седишта, погон на предни тркала и бензински мотор, додека онаа со погон на сите тркала ќе биде за 80kg потешка.



Кога ќе се појави на пазарот, на располагање ќе бидат 2 дизел и 3 бензински мотори. Дизелите ќе бидат 2.0 литарски 4-цилиндрични со моќност од 150 коњски сили/340Nm вртежен момент и 190 коњски сили/ 400Nm вртежен момент, додека бензинските варијанти ќе имаат поскромни 1.4 литарски мотори –од 125 коњски сили/200Nm вртежен момент, 150 коњски сили/250Nm вртежен момент, како и 2.0 литарска варијанта од 180 коњски сили/320Nm вртежен момент.

Оние дизел и бензински варијанти со погон само на предните тркала ќе имаат автоматски менувач, додека верзиите со погон на сите тркала ќе доаѓаат со 6-брзински мануелен менувач.

Од Skoda сè уште ги немаат објавено комплетните технички спецификации на Kodiaq, но се знае дека „најчистиот“ модел ќе биде најслабата дизел варијанта која во верзијата со погон на предни тркала ќе има CO2 емисии од само 131g/km, и 142g/km во верзијата со погон на сите тркала.



Помоќните дизел варијанти ќе имаат забрзување од 0-100км/ч за 8.6 секунди и CO2 емисии од 153g/km, додека кај бензинците тоа ќе изнесува 7.8 секудни, со CO2 емисии од 171g/km.

Ентериерот е сличен како оној на моделот Superb, со 6.5 инчен touchscreen централен дисплеј, кој со доплата ќе може да се замени за 8 инчен. На располагање ќе биде и простор за безжично полнење на смартфони и останати мобилни уреди.

Цените не се официјално потврдени, но одредени извори тврдат дека минималната цена ќе започне од околу 27 500 евра, па нагоре. Основните варијации ќе доаѓаат со 17 инчни алуминиумски бандажи како стандард, додека поскапите ќе имаат 18 или 19 инчни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...