2017 Honda Civic

После месеци проследени со тизери и концептуални модели, Honda ја претстави 10-тата генерација на Civic. Oвој познат хечбек со 5 врати на европскиот пазар ќе се појави на почетокот на 2017-та, а на 2016 Paris Motor Show кој наскоро треба да се одржи, ќе биде хедлајнер во понудата на Honda.



По лансирањето, купувачите ќе имаат избор помеѓу два нови turbocharged бензински мотори, но не и дизел. Од Honda предвидуваат дека најдобро продавана ќе биде варијантата со 1.0 литарскиот 3-цилиндричен турбо мотор од 128 коњски сили, кој ќе може да биде „спарен“ со 6-брзински мануелен менувач, или CVT автоматски, а на располагање ќе биде по моќната варијанта со 1.5 литарски 4-цилиндричен мотор од 182 коњски сили, и идентичен избор на менувачи.



При крај на 2017-та треба да се појави и варијантата со значително ревидирана верзија на сегашниот 1.6 литарски i-DTEC дизел мотор, кој ќе нуди подобрена потрошувачка како и подобрување на перформансите.



Компанијата размислува и за хибриден модел кој би бил ривал на Toyota Prius, но повеќе детали околу тоа сè уште нема. Тype R варијантата би се појавила на пазарот наредниот септември, а нејзина концепт верзија се очекува да биде претставена на овогодинешниот Paris Motor Show, додека караван варијанта би се појавила по најмалку 18 месеци.



Новата платформа врз која е направена 10-тата генерација на Honda Civic е за 16kg полесна отколку претходната, додека торзионата цврстина е подобрена за 52%, а возилото е пониско, подолго и пошироко од претходните модели. Во однос на нив, комплетно сменета е и внатрешноста – конвенционалните мерачи се заменети со TFT екран кој што може да се прилагодува што да прикаже (потрошувачка на гориво, брзина, сателитска навигација, медиа итн.), а Honda Connect сега доаѓа со Apple CarPlay и Android Auto. Во Civic ќе биде вградена и Honda SENSING технологијата која вклучува системи за итно кочење, предупредување за менување на лента, адаптивна контрола на крстарење, препознавање на сообраќајни знаци и интелигентна асистенција при забрзување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...