MINI JCW Clubman

МINI ја претставија JCW (John Cooper Works) варијантата на моделот Clubman, која треба да дебитира наредната недела на Paris Motor Show.

Под хаубата на JCW Clubman се наоѓа истиот 2.0 литарски twin-scroll turbo бензинец како од JCW хечбек верзијата, кој има моќност од 230 коњски сили, но со 350Nm вртежен момент (za 20Nm повеќе од хечбекот). Од 0-100км/ч забрзува за 6.3 секунди, а максималната брзина изнесува 240км/ч. Овие бројки се идентични без разлика дали автомобилот е опремен со 6-брзински мануелен менувач или 8-брзински автоматски – иако Clubman е околу 300kg потежок од хечбекот поради поголемата каросерија,погонот на сите тркала, како и 4-клипните Brembo сопирачки.

Потрошувачката кај моделот со мануелен менувач изнесува 16km/l, и има CO2 емисии од 168g/km, додека кај оној со автоматски таа е 18km/l со CO2 емисии од 154g/km.

Во споредба со JCW хечбек верзијата, Clubman има поцврста амортизација, прилагодена на дополнителната должина и тежина на возилото, а при купувањето како опција ќе бидат понудени и адаптивни амортизери.

Внатрешноста се одликува со нови спортски седишта, педали од нерѓосувачки челик, црн покрив, црвени акценти низ ентериерот, и поспортски волан, а просторот во багажникот изнесува 360 литри. Комплетниот капацитет со спуштени седишта е 1250 литри.

Стандардната опрема вклучува LED фарови, сателитска навигација и сензори за паркирање, додека нова опција е MINI Navigation XL – централен дисплеј од 8.8 инчи со контроли осетливи на допир. За доплата од околу 2300 евра, меѓу другото, се добиваат и седишта кои се загреваат, како и 19-инчни бандажи.

Цената на JCW Clubman се очекува да започне од околу 33800 евра за моделот со мануелен менувач и 35700 за оној со автоматски, а првата испорака би требало да биде кон крајот на годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...