Alfa Romeо Giulia Veloce

Alfa Romeo го претставија моделот Giulia Veloce, кој ќе биде изложен на Paris Motor Show , и за кој ќе постојат две нови опции за мотор.

Купувачите ќе можат да бираат помеѓу 2.0 литарскиот turbo бензинец со 280 коњски сили (во споредба, стандардната Giulia има 200), и 2.2 литарскиот дизел кој ќе биде малку послаб со 210 коњски сили, што е пак значително повеќе од 180-те во стандардниот модел. Дизелот ќе има и поголем вртежен момент – 470Nm, во споредба со 400Nm на бензинецот.

И двата мотори ќе доаѓаат со 8-брзински автоматски менувач, како и нов погон на сите тркала кои Alfa го нарекуваат Q4. Системот се однесува како стандардниот погон на задни тркала поголем дел од времето, но доколку автомобилот почне да ја губи контролата, до 60% од силата на моторот ќе биде пренесена на предните тркала.

Од Alfa Romeo тврдат дека овој нов систем ќе и даде на Giulia најдобра контрола во нејзината класа, и дека нема негативно да влијае на потрошувачката и покрај тоа што во споредба со моделите со погон само на 2 тркала, Giulia Veloce е за околу 60kg потешка.

Во поглед на стилот, Veloce се разликува од „обичната“ Giulia по специфичните предни и задни браници, внатрешноста со спортски седишта од црна кожа и алуминиумски акценти на командната табла, централната конзола и вратите. Ќе биде понудена и нова боја – Blue Misano, прикажана на сликите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...