Volkswagen I.D. концепт на електрично возило

Една година по скандалот со дизел емисиите, Volkswgen на 2016 Paris Motor Show ја претстави својата визија за футуристичко автономно електрично возило, во облик на концептот наречен VW I.D.

I.D ќе биде прв модел од флотата на високо иновативни електрични возила на VW, кои на патиштата треба да се појават во 2020-та год. Тој ќе има домет помеѓу 400 и 600 километри (со едно полнење на батериите), а ќе може да се полни и безжично.

Исто така, овој модел ќе биде првиот Volkswagen создаден за комплетно автономно возење, за кое компанијата тврди дека ќе биде понудено од 2025-та.

Визуелно, I.D има сосема нов дизајнерски стил кој ќе биде ексклузивен за сите идни електрични возила на VW, што е логично имајќи в предвид дека голем дел од дизајнерските елементи на „обичните“ возила, како што се предните решетки и отвори, воопшто немаат функција кај електричните, поради немање конвенционален мотор кој бара ладење.

Препознатливи се дигиталните предни фарови опкружени со дневни LED светла, како и двобојната каросерија, со акценти во сина боја. Кровот е панорамски, но не се знае дали истиот ќе биде вклучен и во продукциската верзија на автомобилот, која ќе се продава паралелно со VW Golf, и ќе има слични карактеристики како него.

Концептот има 4 седишта, но се очекува продукцискиот модел да има 5. Внатрешноста е минималистички дизајнирана, со командна табла и мултифункционален волан кој се повлекува внатре во таблата кога возилото е во комплетно автономен возачки мод, т.е кога е активиран I.D. Pilot.

Инаку, I.D е направен врз комплетно нова MEB модуларна архитектура развиена исклучиво за електричните возила од VW Group – сите возила со оваа архитектура ќе бидат напојувани од литиум-јонски батерии поставени во подот на автомобилот, што значи за нивно сместување нема да се жртвува просторот наменет за багажникот.

I.D, според Volkswagen, ќе забрзува од 0-100км/ч за помалку од 8 секунди и ќе има максимална брзина од 160км/ч, а ќе биде способен и самиот да наоѓа празен паркинг простор без интервенција од возачот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...