BMW X2 концепт

BMW на 2016 Paris Motor Show го претстави концептот за нивниот иден X2 модел, дизајниран да ја пополни празнината помеѓу X1 кросовер и X3 SUV моделите. X2 ќе биде трето спортско купе на компанијата, по поголемите X6 и X4. Продукцискиот модел би требало да дебитира во 2018-та.

Според Adrian van Hooydonk, шефот за дизајн на BMW, возилото го комбинира уживањето во возењето, со практичноста, бидејќи X2 ги комбинира пропорциите и стилот на купе моделите, со робусната конструкција на X серијата.

Иако дизајнот на овој концепт делува драматично (со комбинацијата помеѓу SUV и хечбек дизајнерски елементи, како ниската линија на кровот и тесните задни прозорци, како и големите 21-инчни бандажи), продукцискиот модел се очекува да биде малку „припитомен“ со помал профил на тркалата, конвенционални ретровизори, и црни акценти на каросеријата, наместо сребрени.

На Paris Motor Show е прикажана само студијата на екстериерот со зацрнети стакла, а кај продукциската верзија се очекува ист распоред на кабината како кај моделот X1. X2 би бил изработен врз UKL2 платформата, врз која се направени и Active и Gran Tourer моделит од 2 Series на BWM.

Детали околу тоа кои мотори ќе бидат вградени во продукциската верзија на X2 сè уште не се објавени, но претпоставките се дека за дизел варијантите тоа ќе бидат 18d моторот од 150 коњски сили во sDrive моделите со погон на 2 тркала, и 2.0 литарските turbodiesel 20d од 190 коњски сили и 25d од 230 коњски сили кај xDrive моделите со погон на сите тркала. Во xDrive како опција би бил понуден и 20i бензинскиот мотор од 190 коњски сили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...