Hennessey VelociRaptor 6x6

За повеќето луѓе, 2017 Ford F-150 Raptor би требало да нуди и повеќе од доволно јаки перформанси за off-roading. Но, компанијата Hennessey Performance очигледно не мисли така, бидејќи има направено уште по „луда“ верзија на овој камионет наречена VelociRaptor 6x6, со погон на сите 6 тркала и моќност од 600 коњски сили.

Сегментот на пазарот на off-road автомобили со 6 тркала е мал, и стандардот таму го имаат поставено Mercedes со нивниот модел G63 AMG 6x6. Mеѓутоа, VelociRaptor 6x6 концептот цели да го смени тоа. Hennessey на стандардниот модел имаат додадено дополнителна оска во задниот дел, го имаат модифицирано алуминиумскиот товарен простор за да собере уште еден пар тркала, ја имаат подобрено off-road амортизацијата, и додадено масивни 20-инчни бандажи со off-road гуми.

Hennessey исто така ќе нудат надградба на моторот со twin-turbo верзија која на камионетот ќе му даде моќност од над 600 коњски сили, што ќе повлекува и модификации на издувниот систем како и подобрено ладење. За оние кои ја сакаат оваа надградба но претпочитаат “само“ 4 тркала, компанијата ќе ја нуди за $22 500 на било кој Raptor модел од втората генерација.

Дополнителните надградби ќе вклучуваат предни и задни Brembo сопирачки, уште поголеми бандажи и гуми, уникатни измени во ентериерот, помоќни LED светла и оклопни системи.

Цената на Hennessey VelociRaptor 6x6 ќе започнува од $295 000, што е значително помалку од онаа од $430 000 на Mercedes G63 AMG 6x6, а ќе ја вклучува SuperCrew верзијата на Raptor.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...