Rinspeed Oasis концепт

Компанијата Rinspeed традиционално претставува концептуални возила на CES (Consumer Electronics Show), а на CES 2017 тоа ќе биде моделот Oasis – електричен автомобил кој ќе има способност да вози автономно.

Oasis е наменет за градските средини и нуди одлично маневрирање благодарејќи на можноста за управување со задните тркала.

Екстериерот му е изработен претежно од стакло, со соларен панел на кровот, додека предните тркала се комплетно покриени. Од Rinspeed велат дека изгледот на возилото потсетува на роботот R2-D2 од филмовите Star Wars, но искрено таа „сличност“ и не е претерано забележлива.

Ентериерот е она по кое што овој концепт се двои од сличните. Тој е инспириран од изгледот на вообичаените дневни соби во домовите, а таков е затоа што според дизајнерите, треба да нуди малку поинакво искуство од она во традиционалните автомобили. Во Oasis има комфорни столици со наслони за рацете, телевизор, како и малечка градина во предниот дел. Големата шофершајбна истовремено функционира и како екран за augmented и virtual reality технологите. Иако може да вози автономно, внатре има и мултифункционален волан.

Концептот е исто така наменет за делење на возилото, поради што во него има вградено простор за товар кој може да се грее или лади. Идејата на Rinspeed е дека возачите можат да одат со автомобилот до работа или до дома, и потоа да го предадат, на пример, на некој доставувач кој ќе го користи за испорака на пакети или храна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...