2018 Toyota Supra

Извори од Toyota наговестиле дека новата спортска Toyota Supra ќе биде хибриден модел.

Новата Supra треба да се појави на пазарот во 2018 и е развивана во соработка со BMW и идната генерација на нивниот модел Z4. Соработката е фокусирана на развивање на шасијата, што значи дека изборот на мотори и менувачи останува на Toyota.

Последната Supra престана да се произведува во 2002-ра год., така што враќањето на овој модел со иконско име е голема вест во автомобилскиот свет.

Во почетокот се веруваше дека стајлингот на овој модел ќе биде значително инспириран од Toyota FT-1 суперавтомобилот (претставен во 2014), но на шпиунските фотки од закамуфлираното возило се гледа дека дизајнот е многу помалку агресивен од FT-1, и дека е пократок отколку прототипите на BMW Z4 тест моделите видени досега. Во споредба со Z4 чии тест модели беа забележани со платнен кров, се верува дека Supra-та ќе биде понудена исклучиво во купе варијанта.

Според гласините, новата Supra ќе има „straight-six” (т.е L6) мотор на BMW, како и електрични мотори на двете оски, додека eлектричната енергија ќе доаѓа од регенеративното кочење и ќе се складира во литиум-јонска батерија. За првпат кај Toyota, ќе биде вграден и dual-clutch менувач, наместо вообичаените CVT менувачи во постоечките Toyota и Lexus хибриди.

Новите Тoyota Supra и BMW Z4 се очекува да дебитираат на пазарот со разлика од неколку месеци, од кои Z4 ќе биде прв при крајот на 2017-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...