Audi А5 Sportback

Аudi веќе почнаа да ги примаат нарачките за новите A5 и S5 Sportback модели, како и за купето со две врати.

Најевтината варијанта (од околу 46 200 евра) ќе има 2.0 литарски TDI дизел мотор од 190 коњски сили и quattro погон, а со разни доплати ќе бидат понудени и 2.0 литарски TFSI мотор од 250 коњски сили и 7-брзински DSG автоматски менувач, како и 3.0 литарски V6 дизел од 270 коњски сили. Моделите со S-Line спецификации ќе чинат од 42 800 евра нагоре, за кои пари ќе се добие 2.0 TDI мотор од 190 коњски сили и погон на две тркала. S5 Sportback варијантата од 350 коњски сили ќе чини од 52 700 евра, и на пазарот ќе се појави во февруари 2017/

Новите Sportback купеа со 5 врати не се премногу сменети во поглед на стандардното A5 купе, но имаат хечбек наместo saloon врата за багажникот.

Каросеријата на A5 Sportback е малку подолга и поширока од онаа на A4 (врз чиј дизајн е базирана), но е и 4cm пониска. Меѓуоскиното растојание е 282,4cm, за некои 4mm подолго отколку на А4, а тежи 85kg помалку.

Внатрешноста е потполна идентична со онаа на „обичното“ А5, со истите инструменти на виртуелниот кокпит и централниот Infotainment екран. На задните седишта има 3 сигурносни појаси, што значи дека теоретски Sportback е петосед – иако поради кровот кој се спушта ниско, просторот за главите е малку намален.

S5 верзијата од 350 коњски сили ќе има 3.0 литарски V6 турбо бензински мотор, забрзување од 0-100км/ч за 4.7 секунди, а ќе доаѓа исклучиво во Quattro варијанта, во споредба со останатите модели од Sportback серијата кои ќе бидат со погон на две тркала а Quattro погонот ќе биде понуден како дополнителна опција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...