Skoda Fabia SUV доби зелено светло за продукција

Според шефот за истражување и развој на Skoda, на моделот Skoda Fabia SUV и е дадено зелено светло за продукција.

Овој конкурент на Citroen C4 Cactus и Nissan Juke веќе две години е предмет на разгледување дали воопшто ќе се произведува, а ексклузивните слики од AutoExpress покажуваат како тој ќе изгледа.

Skoda не е првата компанија од VW Group која ќе донесе „бебешки“ SUV на пазарот – SEAT имаат потврдено дека работат на конкурент на Juke, наречен Arona, кој треба да се појави во втората половина на 2017, како и T-Roc на Volkswagen базиран на моделот Polo. Меѓутоа, Skoda Fabia SUV најверојатно ќе биде најголемиот од сите овие модели, бидејќи компанијата сака да ги надмине критиките кои обично ваквиот тип на автомобили ги имаат, а тие се дека не нудат многу повеќе практичност во споредба со супермини верзиите од одредени модели.

Новиот модел ќе биде подолг, поширок, и видно повисок од сегашната Fabia, а се претпоставува дека Skoda ќе го базираат на најкратката верзија од MQB платформата на VW Group со средна големина.

Компанијата ги истражува сите можни механички опции во пакетот компоненти на VW Group за да произведе возило достојно на репутацијата на брендот во однос на практичноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...