Jaguar I-Pace SUV концепт

Jaguar на LA Motor Show го претставија I-Pace SUV концептот на нивниот прв комплетно електричен модел кој на пазарот треба да се појави во 2018.

Од компанијата тврдат дека I-Pace ќе има домет од најмалку 480km со едно полнење на батеријата, и од 0-100км/ч ќе забрзува за околу 4 секунди. Помеѓу двете оски ќе има вградена литиум-јонска батерија од 90kWh, додека двата електрични мотори ќе имаат тотална моќ од 400 коњски сили, и 700Nm вртежен момент.

I-Pace ќе биде направен врз сосема нова алуминиумска платформа, а компактната големина на електричните мотори (секој со надворешен дијаметар од 23,4cm и должина од 50cm) ќе овозможи доволно голем простор во кабината. Возилото се очекува да тежи околу 1200kg.

Во споредба со F-Pace (“обичниот“ модел), електричниот I-Pace е за 5cm пократок, 9cm понизок и 4cm потесен, но неговото меѓуоскино растојание е за 11,5cm поголемо, благодарејќи на кое просторот за колената внатре е за 1cm поголем отколку кај BMW 7 Series.

И покрај неговата големина и височина, I-Pace има импресивно низок аеродинамички коефициент како за SUV модел, кој изнесува 0.29

Ентериерот е опремен со три екрани – 12 инчен HD дисплеј на кој што се прикажуваат инструментите, уште еден 12 инчен touchscreen на централната конзола, и помалечок од 5.5 инчи.

Според Jaguar, додека се појави на пазарот во 2018 основните карактеристики во однос на моќноста и перформансите не би требало премногу да се изменат, а цената ќе му биде за некои 10-15% поголема од еквивалентната верзија на F-Pace SUV, што значи дека стартната би требало да изнесува околу 64 000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...